travel_explore СЕВЕРНА МАКЕДОНJА
Често поставувани прашања
Што е SeeInTouch?
SeeInTouch е онлајн панел чиј членови имаат вистинска можност да го искажат своето мислење и преку пополнување различни анкети да влијаат на производи и услуги пред тие да бидат пуштени на пазарот.
Членовите на панелот исто така можат да им помогнат на компаниите да ги подобрат своите производи и услуги. Анкетите може да бидат нарачани од медиуми, истражувачки агенции, јавни институции или маркетинг оддели на компании – и во зависност од анкетниот прашалник, тие се однесуваат или на општата популација или само на специфична целна група.
Членство
Како функционира членството во SeeInTouch? expand_more
Еве неколку клучни информации за членството во панелот:
- Регистрацијата за членство е бесплатна и трае неколку минути. За да станете член на нашиот панел, ве молиме пополнете го формуларот за регистрација.
- Мора да се регистрирате во земјата на вашето главно живеалиште во моментот на регистрацијата. Ако се преселите во друга земја, можете да нè известите за соодветна адаптација на вашата сметка.
- Ако повеќе не сакате да бидете член, можете во секое време да ја избришете вашата сметка – но тогаш ќе ги изгубите сите поени кои сте ги освоиле.
- Податоците за членовите се строго доверливи и се чуваат во безбедна база со заштита со лозинка. Никогаш не ги даваме вашите лични или контакт информации на трети лица.
- Вашите одговори на анкети се секогаш анонимни – ги поврзуваме само со демографските податоци за истражувачки цели.
- Ако немате време или не сакате да учествувате во анкета, едноставно игнорирајте ја поканата – учеството е секогаш по Ваша желба.
- Поените собрани за одговарање на анкети имаат фиксна парична вредност и можат да се исплатат само кога е достигнат одреден праг, односно од одреден вкупен број поени нагоре.
Профилирање
Зошто ви се потребни толку многу информации за мене? expand_more
Во зависност од барањата на анкетниот прашалник и спецификациите на клиентот кој ја нарачува анкетата, ни е потребна специфична целна група за секоја анкета. Прашања за вас и вашиот животен стил често се поставуваат кога се најавувате на вашата сметка, како и на почетокот на анкета. За да ни помогнете да ви испратиме најрелевантни анкети, што значително ја зголемува вашата шанса за пополнување, важно е да ги одговорите овие прашања што е можно поточно.
Некои анкети се наменети само за мажи или само за жени, или за луѓе кои живеат во одреден регион или се во одредена возрасна група – што повеќе информации имаме за вашиот демографски профил, поголема е веројатноста да бидете поканети на анкети релевантни за вас и да соберете повеќе поени!
За да се осигураме дека ќе учествувате во анкета која е релевантна за вас, редовно ажурирајте го вашиот профил и уверете се дека сте ги пополнети сите анкети поврзани со профилот.
Ажурирање на вашата панел сметка
Ја заборавив мојата лозинка expand_more
Ако ја заборавивте вашата лозинка, користете го линкот "Заборавена лозинка?" на страницата за најавување на панелот. Ќе биде потребно да ја внесете вашата е-пошта и потоа да кликнете "Ресетирај лозинка". Е-пошта ќе ви биде испратена на вашата адреса.
Ако е-поштата не пристигне, проверете ја вашата папка за спам/непожелна пошта. Многу филтри за спам ги сместуваат легитимните е-пошти таму.
Ве молиме почекајте неколку минути, бидејќи е-поштата може да пристигне со мало одложување.
Како да ја променам мојата лозинка? expand_more
- Најавете се на вашата сметка.
- Кликнете на "Профил".
- Изберете "Промени лозинка" од менито "Подесувања".
- Внесете ја вашата тековна лозинка.
- Изберете нова лозинка.
- Кликнете "Ажурирај".
Ќе видите потврдено известување: "Вашата лозинка е променета".
Како да ја затворам мојата сметка? expand_more
- Најавете се на вашата сметка.
- Кликнете на "Профил".
- Изберете "Затвори сметка" од менито "Подесувања".
- Внесете ја вашата лозинка и кликнете "Затвори сметка".
- Кликнете на линкот "Откажи претплата" во поканата за анкета.
Доколку не можете да го најдете линкот "Откажи претплата", ве молиме контактирајте не на: support@seeintouch.mk.
Анкети
Што значи "Квотата е полна" ("Quota Full")? expand_more
Ако добиете порака "Квотата е полна", тоа обично значи дека анкетата веќе е пополнета со одговори од учесници во истата целна група.
Ова може да се случи пред почетокот на анкетата, кога таа е означена како затворена, или понекогаш во текот на анкетата, кога одредени критериуми во анкетата се исполнети (на пример, одредена возрасна група).
Ова варира во зависност од брзината на одговорите и вкупниот број одговори потребни за пополнување на квотата. Затоа, ги охрабруваме учесниците да одговараат што е можно побрзо.
За анкетите кај кои добивате порака „Квотата е полна“, тие не се сметаат како завршени анкети и не се добиваат награди, бидејќи информациите не се користат.
Што е "Исклучување од анкета" ("Screen Out")? expand_more
Анкетите што ги добивате обично се насочени кон специфични групи луѓе за да се добијат нивните мислења. Ако не ја знаеме оваа информација однапред, ќе поставиме неколку прашања на почетокот на анкетата за да се осигураме дека анкетата е релевантна за вас. Ако не е, можете да бидете "исклучени" или да добиете порака дека не ги исполнувате критериумите за учество во оваа анкета.
Наместо да трошите време на одговори кои не можат да се користат, анкетата завршува порано (обично во првите неколку прашања).
Ова може да се случи одвреме-навреме, дури и ако првично сте избрани да учествувате, бидејќи некои анкети бараат поконкретни информации отколку што системот може да ги обезбеди на почетокот.
Учествување во анкети
Колку често треба да учествувам? expand_more
За да останете активен член на панелот, препорачуваме често да учествувате во анкетите што ви се испраќаат.
Учеството е доброволно, и ако решите да не учествувате во некоја анкета, едноставно кликнете на линкот за одбивање.
Во какви анкети ќе бидам поканет/а да учествувам? expand_more
Како член на панелот, ќе бидете поканети да учествувате во анкети кои опфаќаат широк спектар на теми, должина и ниво на ангажман.
Автоматски ќе бидете известени преку е-пошта за секоја нова анкета, а таа ќе биде прикажана и на вашата страница на профилот кога вашиот профил ќе одговара на барањата на анкетата.
Дали анкетите се бесплатни? expand_more
Вашето учество во анкети е целосно доброволно.
За учеството во анкети не се наплатува никаква такса.
Можете слободно да се приклучите и да ја напуштите платформата во било кое време и да учествувате само во оние анкети кои ве интересираат.
Приватност
Дали ги споделувате моите информации со некој друг? expand_more
Ние не даваме, не продаваме и не пренесуваме на никаков начин ваши лични информации на трети лица без ваша претходна согласност.
Само неидентификувани и агрегирани информации ќе се споделуваат, а сите ваши одговори на анкетните прашања што ги собираме ќе останат целосно доверливи.
Разно
Зошто ме исфрлаат од некои анкети? expand_more
Може да бидете исфрлени од анкета затоа што:
- Прашањата сте ги пополниле премногу брзо, без прецизно да ги прочитате.
- Вашите одговори биле недоследни.
- Не се вклопувате во таргет-групата на анкетата.
- Квотата за вашата таргет-група е веќе исполнета. Понекогаш може да се случи таргет-групата брзо да се пополни и потоа да биде затворена. Поради ова, секогаш се препорачува да учествувате во анкетата што е можно побрзо.
- Некој друг од истата IP адреса веќе учествувал во оваа анкета.
Како е можно некој со иста IP адреса веќе да учествувал во анкета? expand_more
- Луѓето кои живеат во исто домаќинство или работат во иста компанија, користат иста IP адреса.
- Провајдерите на интернет/мобилна мрежа често ја менуваат IP адресата на корисниците, па може некој со иста IP веќе да учествувал во анкетата.
- Вие сте регистрирани во друг панел и веќе сте учествувале во анкетата (системот ја памети вашата IP адреса и спречува повторно учество).
Што да направам кога не можам да пристапам до анкетата? expand_more
Ако имате проблеми со отворање на анкетата, прво обидете се да го копирате линкот од поканата во е-поштата и да го вметнете во вашиот вообичаен веб - прелистувач или обидете се со друг веб - прелистувач. Често е корисно да се пробаат различни прелистувачи ако линкот не работи.
Ако сè уште не функционира, ве молиме контактирајте не на support@seeintouch.mk , вклучувајќи го конкретниот линк што сте го добиле, за да можеме брзо да го пронајдеме и решиме проблемот.